|
 |
Настани и новости
СООПШТЕНИЕ
Комисијата не дозволува жалба против известување
Македонското здружение на млади правници и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), месечно Ве информираат за состојбата со остварувањето на првото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во рамките на проектот „Слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Приближувајќи се до утрешниот ден, 1-ви Септември, кога се означуваат четири години од почетокот на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, период во кој конечно имателите и граѓаните почнаа да стануваат свесни за постоењето и значењето на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, со своите решенија успеа имплементацијата на Законот да ја врати чекор наназад.
Преземете го целото соопштение тука (.doc, 97KB)
|  |  |  | ИЗРОДБА ВО 100 ЧЕКОРИ
или како владееја „преродбениците“ четири години по седнувањето на Груевски во премиерската фотелја
| |  | |  | |  | | Шести квартален извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) го изготвија Шестиот квартален извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ со наслов „За помалку помалку позитивните работи“ кој го покрива периодот април – јули 2010 година.
Следејќи ја состојбата на евроинтеграциите на Република Македонија извештајот опфаќа податоци и анализи во следниве области кои во овој период се покажаа како најважни: проблемите со политичкиот дијалог; состојбите во судството; проблемите во затворите; степенот на демократија; (не)постоењето на политичка волја за борба против корупцијата; проблемите во реформата на јавната администрација; ситуацијата во јавните претпријатија; вработувањата и др. Покрај анализите, Извештајот содржи заклучоци и препораки за чекорите што треба сите институции да ги преземат за оваа 2010 година да не биде уште една од изгубените години во процесот на евроинтеграција на Македонија.
Преземете го Шестиот извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ „За помалку помалку помалку позитивните работи“ (.pdf) |  |  |  | Анализа на дисперзијата во високото образование
На 23 август во ГЕМ клубот Фондацијата Институт отворено општество-Македонија одржа конференција за печат на која беа презентирани наодите од анализата на ФИООМ за дисперзираните студии.
Вкупниот број на факултети во државава (приватни, државни и дисперзирани) е зголемен безмалку за трипати (од 38 во 2004 г. на 99 во 2009 г.). Ваквата еуфорична дисперзија на високото образование отпочна со декрет на Владата, без анализа за вистинските потреби на пазарот на трудот и расположивите ресури на универзитетите, без соодветна стручна јавна дебата и без обезбедени услови (соодветни простории, соодветен наставен кадар итн.) –рече проф. д-р Зоран Т. Поповски кој ги презентираше клучните наоди од анализата. Процесот на дисперзија се соочува со бројни недостатоци и ќе има далекусежни последици по високото образование во РМ – од руиниран углед на академската професија, до нарушена универзитетска автономија, до многу нови универзитетски „професори“ преку ноќ, нерационално трошење на буџетски пари и што е најважно, лош квалитет на образовните услуги.
Теренското истражување покажа дека студентите на дисперзираните студии без размислување би ги продолжиле студиите на матичните факултети/универзитети во главните универзитетски центри доколку за тоа им биде обезбедена соодветна финанасиска помош во форма на стипендија или поволен кредит.
Анализата насловена како „Квалитетот на високото образование под прашање – дисперзијата како македонски феномен“ е базирана на податоците од расположивите документи, на мислењата на студентите од дисперизраните студии собрани преку теренско истражување, како и на мислењата/ставовите на универзитетскиот кадар и пошироката јавност за дисперзираните студии искажани во медиумите.
Анализата е изготвена во рамки на проектот на ФИООМ Европските политики и македонското образование чија цел е зајакнување на европската перспектива на образованието во Република Македонија.
Преземете ја презентацијата (.ppt) | |  | |  | |  | | ПРОГРАМА ЗА ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ
Мои пари - прирачник за управување со личните финансии
Во рамки на проектот „Управување со личните финансии“ излезе од печат
публикација „Мои пари - прирачник за управување со личните финансии“ на
хрватскиот автор Стрибор Ерега. Публикацијата е преведена од хрватски јазик
и e адаптирана во согласност со македонското законодавство и со условите на
пазарот на финансиски производи.
Целта на прирачникот е да им помогне на читателите како да се ослободат од
преголема задолженост и како паметно да управуваат со личниот или со
семејниот буџет. |  |  |  | ТРИЛАТЕРАЛЕН ФОРУМ
Форум за отворање на дијалог за развој на релации помеѓу тинк тенковите во Македонија, Косово и Албанија
Трилатералниот форум Форум за отворање на дијалог за развој на релации помеѓу тинк тенковите во Македонија, Косово и Албанија ќе се одржи на 14 јули (среда) во 10:00 часот, во Хотелот Континентал, Скопје. Форумот преставува иницијален настан во рамките на проектот за поврзување на истражувачките центри во овие три земји.
Проектот е инициран од Форум - Центарот за Стратегиски Истражувања и Документација, Скопје во партнерство со КИПРЕД Институтот, Приштина и Албанскиот Институт за медиуми, Тирана.
Целта на овој проект е создавање платформа за промовирање и осмислување поспецифични форми за заеднички акции и проекти помеѓу истражувачките центри во краткорочна и подолгорочна перспектива. Развивањето на интелектуална тинк тенк линија помеѓу Македонија, Косово и Албанија, во соработка со академската, НВО и медиумската заедница од сите три држави ќе има за цел и подобрување на соработката помеѓу влијателните центри на овие балкански соседи.
На настанот се предвидени три тематски сесии посветени на културната и академска соработка, медиумската и НВО соработка и меѓуетничките односи во Македонија, Албанија и Косово.
Свои обраќања на конференцијата ќе имаат Славица Инџевска, Ѓунер Исмаил, Ким Мехмети, Александар Матовски, Сашо Ордановски, Аделина Марку, Зоран Бојаровски од Македонија, Ремзи Лани, Пиро Миша, Адри Нурелари од Албанија и Или Хоџа, Кренар Гаши, Бурим Ејупи, Алејтин Бериша, од Косово.
Проектот е финансиски поддржан Фондација Институт отворено општество – Македонија преку програмата Исток Исток: Прекугранични партнерства.
Преземете ја агендата (.pdf, 449 KB)
| |  | |  | |  | | СООПШТЕНИЕ
Отпочнувањето на примената на Законот за бесплатна правна помош обележано со многу констатирани недостатоци во текстот на Законот!
По повод почетокот на имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош1, кој беше донесен во декември 2009 година, а започнува да се применува на 07 јули 2010 година, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Македонското здружение на млади правници (МЗМП), поддржани од Бранители на граѓанските права, одржаа информативна средба на тема: „Предизвиците пред воспоставувањето на системот за бесплатна правна помош во Република Македонија“.
Средбата, која се одржа во хотелот Холидеј Ин, претставуваше последна од серијата средби со здруженија на граѓани кои се одржаа низ Македонија во текот на минатиот месец, во рамките на проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна помош“, имплементииран од ФИООМ и МЗМП. На средбата присуствуваа претставници на здруженија кои во рамките на своите активности пружаат правна помош, како и претставници на државните институции во чија надлежност спаѓаат одделни аспекти од имплементацијата на Законот (Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, Министерство за труд и социјална политика, Управа за јавни приходи, Централен регистар на Република Македонија итн.)
Во текот на средбата претставникот на Министерството за правда ги претстави решенијата предвидени во Законот, додека претставниците на ФИООМ и МЗМП изложија дел од дилемите кои произлегуваат од текстот на Законот и кои можат да доведат до проблеми во имплементацијата на истиот. Како дел од слабостите на текстот на Законот повторно беа потенцирани тесниот опфат, односно малиот број на потенцијални корисници на бесплатна правна помош во смисла на Законот, тешките услови за стекнување овластување за пружање бесплатна правна помош од страна на здруженијата и нејасноста и непрецизноста на одделни решенија во Законот кои ќе доведат до проблеми во праксата. Во текот на дискусијата, дел од претставниците на здруженијата изразија скепса во поглед на мотивацијата на здруженијата да конкурираат за стекенување овластување за бесплатна правна помош, поради претешките услови.
ФИООМ и МЗМП континуирано ќе го следат процесот на имплементација на Законот, по што ќе произлезе анализа на примената во првата година по неговото донесување.
___________________________ 1„Службен весник на Република Македонија“ бр. 161/2009 |  |  |  | ПРАВНА ПРОГРАМА
Граѓаните заинтересирани за правото на пристап до информации од јавен карактер
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Македонското здружение на млади правници, преку проектот „Право да знам, право да учествувам!“, ги запознаваат македонските граѓани со правото на пристап до информации од јавен карактер.
Пред зградата на Народната банка на Република Македонија, денеска (5 јули), од 10 до 13 часот, беше поставен информативен штанд на кој заинтересираните граѓани поставуваа прашања и добиваа правна помош во врска со слободниот пристап до информациите од јавен карактер.
Преку 200 граѓани добија информативни брошури на македонски и албански јазик на граѓаните кои се интересираа за правото на слободен пристап до информациите. Дополнително, беа поделени 100 Коментари на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер и измените на законот кои се применуваат од 1 јуни годинава.
Оваа средба со граѓаните е втора од планираните четири во 2010 година во рамки на проектот „Право да знам, право да учествувам!“.
| |  | |  | |  | | ПРАВНА ПРОГРАМА
Слободен пристап до информации, средби со граѓани
Македонското здружение на млади правници и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на ден 28 Јуни 2010 (понеделник) во 10 часот, го означија почетокот на примената на измените и дополнувањата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
За таа цел, од 10 до 14 часот, пред зградата на МРТВ беше поставен штанд на кој беа делени едукативни брошури за слободен пристап до информации од јавен карактер. Истовремено заинтересираните граѓани можеа да постават прашања и да добијат правна помош во врска со слободниот пристап.
Беа поделени 250 брошури на граѓаните кои се интересираа за правото на слободен пристап до информациите. „Сметаме дека преку ваквите директни средби со граѓаните ќе успееме да ја зголемиме свеста за постоењето на ова право, бидејќи согласно истражувањата кои беа спроведени минатата година, повеќе од 60 отсто од граѓаните не го познаваат овој закон,“ рече за Макфакс, Јасмина Брезовска од Македонското здружение на млади правници.
Како едни од позначајните новини во законот кои стапија на сила се: (1) скратувањето на рокот за одговор на усмено барање за слободен пристап од десет на три дена, потоа (2) воведување на тестот на штетност како задолжителна постапка која Имателот од кого се бара информацијата е должен да ја спроведе пред да го одбие пристапот, како и (3) предвидување на обврска за имателите да ја информираат јавноста за својата работа преку објавување на своите извештаи за работа, како и на законските и подзаконските акти кои се однесуваат на нивниот делокруг на работа, статистички податоци и слично.
Настанот беше посетен и од дел од македонските медиуми кои ја пренесоа веста. А1: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124736 Мак факс: http://www.makfax.com.mk/_home/home#110962 Нет прес: http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=73639&kategorija=1 МРТ: http://www.mrt.com.mk//index.php?option=com_content&task=view&id=30428&Itemid=27
Алфа ТВ: http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=24307
Оваа средба со граѓаните е прва од планираните четири во 2010 година во рамки на проектот „Право да знам, право да учествувам!“ имплементиран од Македонското здружение на млади правници, а поддржан од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.
Преземете го лифлетот „Слободен пристап до информации од јавен карактер“ (.pdf) |  |  |  | ОБЈАВА ЗА НАБАВКА НА УЧИЛИШЕН ПРИБОР
1 Објавa број: FOSIM/EMGF/10106 UP 2 Финансирање: Фондација Институт отворено општество – Македонија од Соросовиот Ургентен фонд за интервенции насочени кон ублажување на последиците од економската криза 3 Нарачател: Фондација Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) за потребите на проектот Помош во образование на сиромашни 4 Корисници на опремата: Ученици од основни училишта
ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА
5 Опис на набавката: Предмет на оваа објава е набавка и испорака на Училишен прибор и ранци - дадени во две целини и два одвоени договори.
Прочитајте повеќе >>> | |  | |  | |  | | СТОТИНА МЛАДИ ЕНЕРГИЧНО ДИСКУТИРАА:
ШТО И НУДИ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА СВОЈАТА МЛАДИНА?
Младината треба да бара повеќе и ако е потребно дури и да влазе во конфликт со власта, но тоа мора да биде во интерес на општеството и државата. Ова е една од пораките на стотина млади, учесници на целовечерната трибина, која синоќа, 15 јуни, се одржа во ГЕМ клубот. Дискусијата, во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ) и движењето Граѓани за европска Македонија (ГЕМ), ги потврди како релевантни и важни прашањата околу неизвесната иднина на младината со одложувањето на интеграцијата во ЕУ, како и исклученоста на младите од процесите на одлучување на сите државни нивоа.
За учесниците на трибината младината не е само иднина на Македонија, туку сегашност и не може да зборуваме за ЕУ ако на младите им се бара партиска книшка за вработување.
“Ако во Македонија е проблемот, во ЕУ е решението. Во спротивно, младината ќе ја изгуби можноста да живее како западниот свет и понатаму ќе ни се нуди политичка злоупотреба од сите политички партии.” – истакна Адреја Стојковски, претседател на Македонски центар за европско образование.
Повикувајќи на активизам, матурантката Маринела Мајнова од НВО Фокус од Велес порача да се престане со ширење на лажната теза дека ако Македонија влезе во ЕУ, младината ќе се одлее надвор.
Конфузијата во која се наоѓаат младите во Република Македонија ја потврди и Мартин Галевски, презентирајќи првични податоци од последното истражување на МОФ. Според делумно обработените резултати од истражувањето, 40% од средношколците во Македонија сметаат дека одлуките на Владата не влијаат врз нивното живеење, додека 48% од нив, за 10 години од денес, не ја гледаат својата иднина во Република Македонија.
Учесниците на трибината ја потенцираа и неопходноста од здружување на младите околу нивните интереси, како и од активното спроведување младинска политика. “Да научиме да се здружуваме, макар и за мали и невообичаени цели”, порача Никола Гелевски од ГЕМ.
Според Дона Костуранова од МОФ за апатијата кај младите виновни се и официјалните претставници во студентското и средношколското организирање.
“Да се занимаваш со политика не значи дека си криминалец. Значи дека си одлучил да го искажеш своето мислење јавно”, смета Кристина Леловац од Општествено политички неподобен театар, додавајќи дека младите, со своите промислени акции, ќе ја донесат демократијата во Македонија.
Дискусиите со публиката на тричасовната трибина на МОФ и ГЕМ ги отворија Бојан Маричиќ (Младински образовен форум), Андреја Стојковски (Македонски центар за европско образование), Мерсел Биљали (Граѓани за европска Македонија), Маринела Мајнова (Локална младинска иницијатива – Велес, НВО Фокус), Мартин Галевски (Младински образовен форум), Анастас Вангели (аналитичар и блогер), Марјан Забрчанец (Младински образовен форум), Дона Костуранова (Младински образовен форум), Никола Гелевски (Граѓани за европска Македонија), Џабир Дерала (ЦИВИЛ), Кристина Леловац (Општествено политички неподобен театар), Сеад Џигал (комуниколог и блогер), Арти Кормемети (Локална младинска иницијатива – Дебар, Центар за оддржлив развој на заедницата). |  |  |  | Случај на заложништво на ЦИА стигна до врвниот европски суд
Македонија обвинета за соучество во погрешно киднапирање
Контакт: Рејчел Ејкер, +1 (212) 548-0135, +1 (917) 294-2641, raicher@sorosny.org (Њујорк) Филип Медарски, +389 70 333 552, filipmedarski@yahoo.com (Македонија) ЊУЈОРК, 14 јуни 2010 година – Европскиот суд за човекови права ќе го разгледува случајот на германскиот граѓанин којшто беше киднапиран и претепан, како дел од програмата на ЦИА за нелегално апсење и трансфер на осомничени за тероризам, денес соопшти Иницијативата за правда на Отворено општество. Ова е првпат ваков случај поврзан со „војната против тероризмот“ да стигне до европскиот врвен суд.
Македонските безбедносни сили го заробија Калед Ел Масри на барање на Соединетите Американски Држави во декември 2003 година и го држеа во заложништво 23 дена без пристап до надворешниот свет. Ел Масри потоа беше предаден на ЦИА и пренесен во притворен центар во Кабул, Авганистан, каде што беше затворен во ужасни услови, испрашуван и малтретиран. По неколку месеци, Ел Масри конечно беше ослободен и исфрлен покрај пат во Албанија. И покрај убедливите докази за нејзината соработка, Македонија негираше дека нелегално го држела Ел Масри во заложништво на нејзина територија или предала на ЦИА.
„Европските влади мора да бидат одговорни за учество во тортура, малтретирање или киднапирање во соработка со програмата на ЦИА за нелегално апсење и трансфер на осомничени за тероризам,“ - рече Џејмс A. Голдстон, извршен директор на Иницијативата за правда на Отворено општество, којашто го истражува случајот. „Судовите на САД можеби ги затвориле своите врати за овој предмет, но ние се надеваме дека Ел Масри ќе ја најде правдата пред Европскиот суд.” Исто како случајот на Махер Арар, којшто го преживеа заробеништвото, Врховниот суд на САД одби да го ислуша случајот на Ел Масри. Притоа, Владата на САД цврсто стоеше зад својата привилегија да чува „државна тајна“, така што случајот беше отфрлен. САД допрва треба јавно да го признае малтретирањето на Ел Масри. Тој никогаш не бил обвинет за кривично дело, ниту му било дадено какво било објаснување за неговото малтретирање.
„Од суштинско значење е да се признае што им се случи на преживеаните, како Ел Масри, кои се обидуваат да се справат со ова трауматично искуство и да продолжат со нивните животи,“ - рече Руперт Скилбек, директор на истрагата спроведена од страна на Иницијативата за правда. „Калед Ел Масри има право јавно да му биде призната неправдата која му е нанесена, а луѓето во Европа имаат право да ја знаат вистината за заговорот на нивните влади со ЦИА.”
Во мај Иницијативата за правда на Отворено општество испрати писмо до Државниот секретар на САД, Хилари Клинтон, со барање Владата на САД јавно да потврди дека погрешно го држела во заробеништво Ел Масри и да обезбеди, во функција на својот статус на набљудувач во Советот на Европа, секаква помош која ќе му биде потребна на Европскиот суд. Иницијативата за правда испрати писмо и до германската канцеларка Ангела Меркел, со барање таа да потврди дека Владата на САД приватно ѝ ја признала својата грешка во случајот на Ел Масри, како што беше изјавено во 2005 година. Ова писмо ја поттикна Германија да се вклучи во случајот, застанувајќи од страна на Ел Масри.
До денес сѐ уште нема одговор од секретарот Клинтон. Германската Влада одговори, упатувајќи ја Иницијативата за правда на допис од претходните забелешки на Меркел, во кој таа признава дека САД приватно ѝ признале дека Ел Масри бил погрешно држен во заложништво.
http://www.soros.org/initiatives/justice/focus/national-security/news/el-masri-rendition-20100614 Иницијативата за правда на Отворено општество го користи правото за да ги заштити луѓето во остварувањето на своите човекови права. Преку застапување, истражување и техничка помош, Иницијативата за правда ги промовира човековите права и ги гради правните капацитети на отворените општества. | |  | |  | |  | | Повикот за заштита на приватноста предаден во Собрание
Реагирајќи на заканите по приватноста и демократијата содржани во предлог-законот за измени на Законот за електронски комуникации, на 11 јуни 2010 година 16 невладини организации кои од разни аспекти го помагаат развојот на Република Македонија упатија повик до Собранието на РМ за негово повлекување од собраниска процедура.
Повикот досега го имаат поддржано и над 250 индивидуални граѓани, меѓу кои и видни правници и други интелектуалци, а беше изготвен врз основа на стручни анализи, земајќи ги предвид мислењата на релевантните заинтересирани страни, особено невладините организации кои се занимаваат со заштита на човековите права, искажани во јавноста и на тркалезната маса „Приватноста во Македонија“ која се одржа на 4 јуни 2010 година во Скопје.
Причина за ваквата реакција на предлог-измените е тоа што со нив се создаваат законски можности за арбитрарна и неограничена примена на прислушкување и други облици на следење на електронските комуникации со што се нарушуваат основните постулати на Уставот на РМ (член 17 и 25) со кои се гарантира неповредливоста на сите облици на општење и заштита на приватноста и достоинството.
Предложените измени се во директна спротивност на Европската конвенција за човекови права и други меѓународни договори ратификувани од Собранието на РМ и Директивата 2009/136/ЕК на ЕУ. Со нив се заобиколуваат нормите воспоставени со Законот за заштита на лични податоци, Законот за следење на комуникациите и Законот за кривична постапка и како ретко каде во светот на МВР се овозможува „постојан и директен пристап“ до податоците за сообраќај на телекомуникациските мрежи.
Иницијативата покрената од страна на Метаморфозис, Транспарентност Македонија, ФИООМ и Хелсиншкиот комитет за човекови права ја поддржаа Македонскиот центар за европско образование, ФОРУМ – ЦСИД, Контрапункт, Советот за глобална соработка, Реактор, МОФ, Детскиот театарски центар, ЗГ Заеднички вредности, Центарот за развој на медиуми, Плоштад Слобода, Слободен софтвер Македонија и ЦИВИЛ - Центар за слобода.
Целосниот текст на повикот е достапен на веб-сајтот на Фондацијата Метаморфозис, а заедно со релевантни придружни документи во печатена форма беше доставен до сите пратеници во Собранието на РМ, премиерот на Владата на РМ, министерот за транспорт и врски, како и до Делегацијата на ЕУ. |  |  |  | ДЕКЛАРАЦИЈА
Почитувајќи ја јасно изразената желба на најголемиот број граѓани на Република Македонија нашата земја да стане дел на Европската Унија и на НАТО,
Свесни дека во изминатите две години, и покрај неколкугодишниот напредок во реформите, особено пред и по добивањето на статусот на држава кандидат за членка на Европската Унија, Македонија не ги исполни во целост очекувањата на своите европски партнери и пријатели,
Разбирајќи ја неопходноста да биде отстранета најголемата пречка во процесот на пристапување на Македонија во НАТО и во Европската Унија, долгодишниот спор за името со Република Грција,
Цврсто определени низ соработка да ја реафирмираме евроатлантската агенда, но и да ги унапредиме безбедноста, стабилноста, меѓуетничките односи и економијата на земјата,
Во пресрет на јунскиот Совет на ЕУ, ние, долупотпишаните, на 11 јуни 2010 година во Скопје, ја усвоивме следната
Д Е К Л А Р А Ц И Ј А
1. Внатрешната интеграција на Република Македонија е нераскинливо поврзана со нејзината интеграција во Европската Унија и НАТО зашто нашата држава ги споделува цивилизациските вредности втемелени во евроатланските интеграции;
2. Ние нема да прифатиме проблемите со кои се соочуваме на патот на остварувањето на нашата стратегиска цел, а кои произлегоа од ирационалниот спор што нема основа во реалните односи меѓу Република Македонија и Република Грција и меѓу двата соседни народа, да бидат изговор нашата земја да го напушти евроинтеграцискиот процес;
3. Недвосмислено ја објавуваме нашата подготвеност и посветеност спорот со Грција за името, со кое треба да се замени привремената референца „поранешната југословенска република Македонија“ и со кое нема да се оспорат или загрозат атрибутите на етничкиот идентитет на мнозинскотото население во нашата земја, да го решиме, како одговорни политичари, со интензивни, проактивни и плодни преговори;
4. Заради остварувањето на овие цели, сметаме дека е неопходно во Република Македонија да се поведе широка јавна дебата чија цел ќе биде да се охрабрат проевропските сили и да се застане на патот на стигматизацијата на европската идеја поради тензичниот спор со Република Грција и емоциите што тој ги предизвикува;
5. Ние сметаме дека одговорните политичари не смеат да ги избегнуваат обврските на лидерството и подготвени сме во таа насока да го дадеме својот придонес;
6. Ги повикуваме Европската Унија, САД, Република Грција и сите наши европски пријатели, на претстојниот Совет на ЕУ во Брисел, поттикнати од оваа декларација, да ги препознаат потенцијалите на проевропските сили во нашата земја и да донесат одлука со која ќе ги охрабрат граѓаните на Република Македонија и силно ќе ги поддржат нивните надежи за европските перспективи на нашата татковина.
Скопје, 11 јуни 2010 година
Преземете ја Декларацијата на албански
Преземете ја Декларацијата на босански
Преземете ја Декларацијата на ромски
Преземете ја Декларацијата на српски
Преземете ја Декларацијата на турски
Преземете ја Декларацијата на влашки
Листа на НВО кои ја поддржуваат Декларацијата | |  | |  | |  | | ПРАВНА ПРОГРАМА
Промоција на публикации од областа на заштита на личните податоци
Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) и Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП), на 7-ми јуни, ги промовираа публикациите: „Коментар на Законот за заштита на личните податоци“ и „Прирачник за практично спроведување на Правилникот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податици“, дела кои имаат за цел да го подигнат на нивото на заштита на личните податоци.
Коментарот на Законот за заштита на личните податоци ја следи систематиката на Законот и служи како алатка за негово подобро разбирање и спроведување. Од друга страна, Прирачникот за практично спроведување на Правилникот, ги објаснува начините и нуди решенија за контролорите и обработувачите во процесот на обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во зависност од природата на податоците што се обработката и ризикот при обработката на личните податоци.
Според Валентина Димковска од ДЗЛП, иако Законот за заштита на личните податоци е целосен усогласен со европските стандарди, и добил пофалби од релевантните европски институции, сепак има простор за негово подобро спроведување.
Во пресрет на одбележувањето на петгодишнината од воспоставувањето на законската рамка за заштита на личните податоци во Република Македонија, Коментарот на Законот ќе има за цел да придонесе кон надминување на идентификуваните проблеми во поглед на остварувањето на заштитата на личните податоци.
Покрај публикацијата, бројните гости имаа можност да постават прашања кои се однесуваат на заштитата на личните податоци, а претставниците од ФИООМ и ДЗЛП, преку примери и презентации објаснуваа сегменти од Законот за заштита на личните податоци кои што од страна на присутните беа посочени како проблематични при практичната примена на Законот..
Публикациите се резултат на долгогодишната соработка на Фондацијата Институт отворено општество Македонија и Дирекцијата за заштита на личните податоци. |  |  |  | ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА МЦЕО И ФИООМ
Македонија не смее да се откаже од евроинтеграциите
На прес-конференцијата, одржана на 4-ти јуни, Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) од македонската власт побараа да не се откажува од евроинтеграцијата и целосно да се посвети на спроведување на реформите.
На прес-конференцијата беа претставени резултатите и впечатоците од минатонеделниот самит во Сараево, „ЕУ-Западен Балкан“. На самитот беше претставено писменото обраќање од околу 500-тини невладини организации од Западен Балкан, со кое се бара отворање на ново поглавје во преговорите на ЕУ со државите од Западен Балкан. „Преку прес-коференцијата во Сараево јасно и недвосмислено пративме порака дека ЕУ мора да обезбеди јасни и прецизни патокази за тоа како секоја од земјите на Западен Балкан треба да се движи, со цел процесот на пристапување да биде нешто што е видливо и дофатливо за државите од регионот. Иницијативата беше многу добро прифатена, особено од претставниците на ЕУ и претставниците на Европскиот парламент, кои оваа иницијатива ја видоа како чекор напред кога станува збор за граѓанскиот сектор и своевиден сигнал дека граѓаните на овие држави сакаат да ги видат своите држави во ЕУ,“ изјави Фани Каранфилова-Пановска од ФИООМ и додаде дека ЕУ се уште не се откажала од Западен Балкан, а тоа најдобро се гледа во Стратегијата за развој до 2020 година.
Лидија Димова од МЦЕО ја искажа својата загриженост за очигледната незаинтересираност на власта кога станува збор за евроинтеграциите. Според а, тоа е воочливо од незаинтересираноста за наоѓање компромис со Грција, застојот во реформите, како и од целокупното дејствување во надворешната политика. Димова порача билатералните спорови да се решаваат во европски дух. „Европскиот дух е наоѓање компромис во кој ќе покажете дека сте лидер и дека може да ја видите иднината.“
И за извршниот директор на ФИООМ, Владимир Милчин, причините за закочувањето на процесот на пристапување кон ЕУ не лежат само во спорот со името, туку и во неспроведување на потребните реформи. „Колку сме подалеку во спроведување на реформите, толку помала тежина има билатералниот проблем, односно колку сме поуспешни во реформирањето толку повеќе аргументи ќе имаат другите членки на ЕУ за да ја притиснат Грција, а колку сме понеуспешни во реформите, толку посилни аргументи има Грција.“ изјави Милчин.
Обраќање до граѓаните на Македонија за писмото упатено до лидерите на ЕУ и листа на НВОи од Македонија со поддршка на иницијативата | |  | |  | |  | | ЕРОЗИЈА НА ПРИВАТНОСТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Со Предлог-измените на Законот за електронски комуникации правото на приватност во Република Македонија деновиве е одново доведено во прашање. Не е прв пат Владата сериозно да го ограничува правото на приватност, едно од темелните граѓански права, без притоа да отвори поширока јавна расправа за едно така значајно прашање. Со наводно „технички“ закон за електронските комуникации, во суштина, се прави упад во најзаштитените сфери на приватноста гарантирани со меѓународните договори за човековите права и Уставот на РМ. Имено, со предложените измени, овој Закон навлегува во сферата на казненото право, бидејќи предвидува нови овластувања за полицијата и тајните служби, надвор од досега предвидените со Законот за кривичната постапка и Законот за следење на комуникациите.
Целото соопштение можете да го преземете од следниов линк www.transparentnost-mk.org.mk/wp-content/uploads/microsoft-word-soopstenie-za-zek.pdf
Соопштението е дел од Проектот: „Месечни извештаи за состојбата во борбата против корупцијата и криминалот и состојбата со транспарентноста во општеството“ имплементиран од Транспарентност Македонија, а поддржан од ФИООМ.
|  |  |  | Промоција на книгата „Темната страна на револуцијата“ од Едмунд Берк
Без мудрост и доблест, слободата се претвора во најголемо зло
На 3-ти јуни 2010 година, во ГЕМ клубот беше промовирано македонското издание на „Темната страна на револуцијата“ од Едмунд Берк, објавено од страна на Фондацијата Институт отворено општество Македонија.
Книгата „Темната страна на револуцијата“ содржи извадоци од делото „Размислувања за Француската револуција“ и иако е пишувана пред повеќе од двесте години, и денес се смета за едно од антологиските и незаборавни дела во областа на револуцијата, но и демократијата и човековите права воопшто“ смета Владимир Милчин, извршен директор на ФИООМ.
Промоторот на книгата, Ерол Ризаов, во своето излагање направи паралела меѓу тогашната ситуација, непосредно по Француската револуција, опишана во делото на Берк и актуелните состојби денес, не само во Република Македонија, туку и на Балканот. „Бев изненаден од тежината на политичките пораки актуелни и денес во Европа, а особено кај нас на Балканот. Ова најпознато дело на Берк, имате чувство дека е пишувано денес, и ви овозможува подобро да ја согледате и сегашноста и иднината, кај нас, во нашата татковина.“ истакна Ризаов. Според него, 220 години по Француската револуција, кај нас постојат луѓе слични на Берк кои ја делат неговата судбина и се поставени на столбот на срамот. „Луѓето како Берк, кај нас денес се јавно исмевани, прогонувани и понижувани“ заклучи Ризаов.
Објавувањето на македонскиот превод на книгата „Темната страна на револуцијата“ е дел од потпрограмата „Книги за дебати за отвореното општество“ која има за цел да го подигне нивото на јавната расправа во Македонија преку објавување и промоција на значајни дела.
Во продолжение, еден краток извадок од книгата „Темната страна на револуцијата“:
Но кога водачите одбираат да се нудат на лицитицијата на популарноста, нивните способности за изградба на државата нема да бидат од никаква корист. Тие ќе станат ласкавци наместо законодавци и ќе станат инструменти, а не водачи на народот. Ако се случи некој од нив да предложи план за слободата, трезвено ограничен и определен со соодветни квалификации, тој ќе биде веднаш надитрен од другите натпреварувачи кои ќе произведат нешто посјајно и попопуларно. Ќе се кренат сомненија во врска со неговата верност кон каузата. Умереноста ќе биде стигматизирана како особина на плашливците а компромисот ќе биде прогласен за одлика на предавниците, сè додека, во надеж дека ќе ја сочува довербата која би му овозможила да модерира и да ја ублажува работата во некои прилики, народниот водач ќе биде принуден да се активира во пропагирањето доктрини и во воспоставувањето моќ, што понатаму ќе ја порази секоја трезвена цел кон која тој можеби целел на почетокот. | |  | |  | |  | | ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА
Објавени резултатите од мониторингот на јавните набавки
Центарот за граѓански комуникации денеска, 1 јуни, ги објави резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава и од анкетата на фирмите за нивното искуство во постапките за јавни набавки.
Презентирајќи го Кварталниот извештај за резултатите од мониторингот на јавните набавки во Република Македонија за периодот од јануари до март 2010 година, г-ѓа Вања Михајлова и д-р Никола Тупанчески истакнаа дека сè уште постои широк простор за унапредување на процесот на јавни набавки во земјава, особено од аспект на подоследно почитување на законската регулатива од страна на државните институции, а ја истакнаа и потребата од допрецизирање на законските одредби за да се стесни просторот за можни злоупотреби во практиката.
Од мониторингот на јавните набавки на централно и на локално ниво можеа да се констатираат следниве клучни наоди: • Се зголемува користењето на критериуми за бодување на понудите со кои не се гарантира избор на најповолна понуда; • Се избираат несоодветни критериуми за утврдување на способноста на компаниите за учество во постапките за јавни набавки; • Висок процент на поништени постапки за јавни набавки (20% од мониторираните постапки); • Е-аукција се користи само во 5,5% од постапките за јавни набавки, што е неколкукратно помалку од законскиот праг од 30%; • Нагло се зголемува бројот на рамковни спогодби кои се склучуваат без прецизирање на начините на кои ќе им се доделуваат договорите на фирмите; • Не се почитува законската обврска за детално известување на фирмите за причините за избор на најповолната понуда или за отфрлање на одреден понудувач; • Се намалуваат барањата за доставување на банкарска гаранција за понудата, како и висината на гаранцијата, • Благо се намалува наплатувањето надомест за подигање на тендерска документација.
Во спроведената анкета меѓу претставници од одделите за јавни набавки на 138 фирми, членки на Стопанска комора на РМ и на Сојузот на Стопански комори, како главни проблеми со кои фирмите посочуваат дека се соочуваат во постапките за јавни набавки се: нејасно изработена тендерска документација и техничка спецификација; неправилно бодирање на понудите и фаворизирање на одредена понуда; користење на несоодветни критериуми за доделување на договорот, како и доцнење на наплатата на побарувањата за набавените средства и услуги. Компаниите ја влошија оценката за вкупниот процес на јавни набавки во земјата. Просечна оценка дадена во оваа анкета е 2,80 за разлика од минатогодишната оценка од 2,93 (на скала од 1 до 5).
Во прилог може да го преземете целиот извештај а истиот е поставен и на веб страницата на Центарот за граѓански комуникации www.ccc.org.mk.
Преземете го Кварталниот извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавните набавки во Република Македонија (.pdf) |  |  |  | ПРАВНА ПРОГРАМА
Одржана обука за новинари „Дискриминацијата и медиумите“
Од 28 до 30 мај 2010 година, во хотелот „Бистра“ во Маврово, во организација на ФИООМ, се одржа обука за новинари од повеќе национални и локални електронски и печатени медиуми.
Со обуката беа обработени неколку теми од областа на начелото на еднаквост и недискриминација: запознавање со поимот, основите и формите на дискриминација и нивното претставување во медиумите, запознавање со новиот механизам воспоставен со Законот за спречување и заштита од дискриминација и усогласеноста на македонското законодавство со европската легислатива од областа.
Во практичниот дел на обуката посебно внимание беше посветено на двојната улога на медиумите, од една страна како чинители на дискриминација, но од друга страна како инструменти за борба против дискриминацијата и за подигање на јавната свест за оваа општествена појава. Учесниците имаа можност да продискутираат повеќе домашни и странски примери за позицијата на средствата за јавно информирање во адресирањето на дискриминацијата. Низ текот на дискусиите, претставниците на медиумите ги споделија и своите искуства од секојдневната работа.
| |  | |  | |  | | Претставени резултатите од Програмата за образование на Роми
Ромите не се и нема да бидат сами
На 28 мај во хотелот Холидеј Ин во Скопје, Програмата за образование на Роми организира свеченост на која беше прославено завршувањето на средното образование на 98 средношколци Роми, корисници на стипендија и менторска помош од Програмата. Беа претставени и резултатите на Програмата постигнати со основците и студентите Роми. 44 студенти Роми од различни места од Република Македонија, се стекнаа со универзитетски дипломи во текот на реализацијата на Програмата (2004-2010).
Американскиот амбасадор, Филип Рикер, во името на Американската амбасада и УСАИД им честиташе на матурантите и дипломците на постигнатите резултати, изразувајќи надеж дека токму денешните корисници на Програмата за образование на Роми, во иднина ќе можат да придонесат за развој на целокупното македонско општество. „Вие покажавте што се може да се постигне кога на вредни луѓе соодветно ќе им се помогне. Инвестирањето во образованието е најдобрата алатка за подобрување на општеството.“ изјави Рикер.
Извршниот директор на Фондацијата Институт отворено општество Македонија, Владимир Милчин, на корисниците на програмата, им порача дека Ромите никогаш нема да бидат сами во Република Македонија. „Ромите не се сами, и Ромите нема да бидат сами. Со Програмата докажавме дека сите можеме да направиме нешто за оние кои имаат полош старт од нас.“ рече Милчин.
На свеченоста се обрати и министерот без ресор Неждет Мустафа кој ја истакна важноста на образованието за ромската заедница. Присутните имаа можност од Себијан Фејзула, апсолвентка на Филозофскиот факултет во Скопје од прва рака да ги слушнат искуствата на еден корисник на Програмата за образование на Роми.„Стипендијата ми беше мотивација, но ми наметна и обврска солидно да ги положам моите испити и да го оправдам вложувањето во мене зашто бев свесна дека на моето место можеше да биде било кој студент“- рече Фејзула.
Присутните можеа поблиску да се запознаат со реализацијата на Програмата преку фотографии од активностите на центрите за образовна поддршка, како и преку нивните штандови на кои беа изложени изработките од децата, корисници на Програмата. |  |  |  | Прес-конференција на МЦЕО и европарламентарецот Зоран Талер
Талер: Власта да преземе одговорност и да најде решение за името
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Зоран Талер на денешната прес-конференција (27-ми мај) во организација на Македонскиот центар за европско образование го повика македонскиот премиер да собере сили и да го реши проблемот со името, бидејќи во спротивно Европа е на пат да го загуби интересот за Македонија.
„Без решение за името, нема датум за преговори. Апелот оди во насока да се преземе одговорност и да се премине Рубикон“ изјави Талер, говорејќи за перпективите на Македонија на претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан, што во почетокот на јуни ќе се одржи во Сараево. Според словенечкиот известувач, македонскиот премиер, не треба да стравува дека е сам во процесот. „Тој треба да смета на подршка од цивилниот сектор и влијателните посредници, сугестиите треба добронамерно да ги прифати, оти во процесот на изнаоѓање решение, колку и да е тоа тешко, треба да се биде многу поактивен.
Талер истакна дека во Европа се засилува уверувањето дека Македонија го губи интересот за зачленување и оттаму се заканува опасност Македонија да се симне од европскиот денвен ред и да се изгуби интересот за неа.
Талер потсети на потребата Македонија да го реактивира процесот на реформи и истовремено најави дека пред Европскиот Парламент, ќе покрене иницијатива, во иднина отворените прашања од билатерален карактер, доколку не се решат во определен период, по автоматизам да бидат префрлени пред меѓународна арбитража, со што на потенцијалните кандидати не би им бил ограничен процесот на напредување.
На прес-конференцијата, Талер и МЦЕО ја претставија декларацијата на невладини организации од Западен Балкан, со која од Претседателот, владите на државите на Европската Унија и Претседателот на Европската комисија, се бара нов моментум и пристап во преговорите за интеграција на Европската Унија.
Декларацијата, која и официјално ќе биде претставена на 1-ви јуни на Министерската средба во Сараево, според Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) докажува дека граѓанскиот сектор од Западен Балкан, може да се обедини околу прашањата за евроинтеграциите. „Договорот е на први јуни, непосредно пред започнување на самитот, невладините организации ќе одржат заедничка прес-конференција во Сараево. Со тоа планираме официјално да ја објавиме декларацијата а подоцна да ја доставиме до учесниците на конференцијата“ изјави Димова.
Во декларацијата меѓу другото, се бара да се нагласи фактот дека билатералните прашања треба да бидат решавани од засегнатите страни, и тие не смеат да го попречуваат процесот на пристапување, како и тоа Македонија годинава да добие датум за почеток на преговори.
Аудиозапис од конференцијата
| |  | |  | |  | | МОМЕНТ НА ВИСТИНАТА
Во пресрет на Европскиот совет кој ќе се одржи на 16ти и 17ти јуни, во Сараево, на 2ри јуни, ќе се одржи Министерски состанок на ЕУ и државите од Западен Балкан, плус Европската комисија (Комесарот за проширување Фуле) и Високиот претставник Кетрин Ештон, плус Турција, Русија и САД. На овој самит во Сараево се очекува да се донесат заклучоци со кои ќе се потврди европската преспектива на државите од Западен Балкан, и би се задржал процесот на интеграција на регионот во ЕУ.
Ние ( Фондацијата Институт отворено општество – Македонија – ФИООМ и Македонскиот центар за европско образование – МЦЕО ) како преставници на граѓанското општество сметаме дека треба да го изнесеме нашиот став, но и нашите очекувања од самитот. За таа цел, со логистичка поддршка на Институтите отворено општество низ регионот, ја подготвивме Деклерацијата што ви ја доставуваме подолу. Како што може да видите, бараме неодложно добивање на датум за почеток на преговорите за Македонија најдоцна до крај на 2010 година.
Сите вие кои се согласувате со тезите на оваа Декларација, можете да ја дадете вашата поддршка со потпишување на истата и со праќање на ваше писмо со поддршка со генералиите на вашата организација (име и адреса, e-mail адреса и телефон на одговорното лице) во електронска верзија на: mcet@mcet.org.mk
Планираме на 1ви јуни да одржиме прес конференција во Сараево и да ја дистрибуираме нашата Декларација пред почетокот на министерскиот состанок и на оваа прес конференција би сакале да ги објавиме сите организации од регионот што ја дале својата поддршка.
Преземете ја Декларацијата - на македонски - на англиски
Обраќање до граѓаните на Македонија за писмото упатено до лидерите на ЕУ и листа на НВОи од Македонија со поддршка на иницијативата |  |  |  | Втор меѓународен семинар: Последипломски курсеви по право, човекови права и грижа за пациентите
Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ), во соработка со Мрежната програма за право и здравство од Институтот отворено општество - Њујорк, Програмата за доделување на грантови за проекти за човекови права од Институтот отворено општество Будимпешта и Медицинскиот и Правниот факултет од Скопје, од 18 до 21 мај 2010, го одржува Вториот меѓународен семинар за Последипломски курсеви по право и здравство, посветен на човековите права и грижата за пациентите.
На семинарот учестувуваат професори и експерти од 7 држави (Македонија, Ерменија, Грузија, Киргистан, Казакстан, Русија, Украина), а темите кои се опфатени се однесуваат на јавното здравство и неговата поврзаност со основните човекови права.
Во првиот дел од семинарот, учесниците имаа можност да разменат искуства од областа на јавното здравство и човековите права, да дискутираат на теми како што се комерцијализација на јавното здравство, организирање на здравственото образование, нови технологии во здравствената заштита, ограничување на човековите права во јавното здравство и сл.
За приватизацијата и комерцијализација на здравството излагање имаше д-р Бриџит Тоубс, професор на Универзитетот во Абердин. Претставниците од престижната медицинска акдемија „Богомолец” од Киев ги запознаа учесниците со униканите искуства во организирање медицинска едукација во Украина.
Семинарот продолжи со разгледување на специфични судски случаи посветени на човековите права, но се разменуваа и искуства од различни земји за почитување на човековите права, загарантирани со Европската конвенција за човекови права.
Вториот дел од семинарот, одржан на 20 мај, помина во знакот на панел дискусијата каде што учествуваа еминетни експерти, а на која беше прикажан развојот на областа на јавното здравство и човековите права во глобални рамки, при тоа користејќи примери и искуства од Канада, САД, Шкотска, Данска и Унгарија. Роберт Лоренс, доктор и професор по медицина на Школата за јавно здравство Блумберг, преку примери на докторите во нацистичките конц-логори до случаите во Абу Граиб, зборуваше за злоупотребата од страна на медицинските лица, кои понекогаш, свесно, или под присила, забораваат на Хипократовата заклетва.
Семинарот завршува во петок, на 21-ви мај. | |  | |  | |  | | ДЕБАТА
по повод промоција на книгата „Што не знаеше Орвел“
(.pdf) 600KB  |  |  |  | Промоции во Кичево и Кратово
Промоциите на трите книги од новата едиција „Градот“ („Неред и гротеска“, „Крадат град!“ и „Архитортура и гробализација“) на 4 и 5 мај продолжија во Кичево и Кратово.
Во Кичево, на 4 мај, пред триесетина посетители во тамошниот центар за поддршка на НВО, книгите ги промовираше уредникот на едицијата, Никола Гелевски. Попладнето во Кичево помина мошне интересно, во жив разговор меѓу присутните граѓани и Никола Гелевски, кој зборуваше пред сè како уредник на едицијата, но и во името на ГЕМ („Граѓаните за европска Македонија“) и на „Плоштад слобода“. Во воведниот збор Гелевски ги истакна клучните аргументи, против проектот „Скопје 2014“, посебно ставајќи акцент на националистичката суштина на проектот која може да ги наруши ионака не баш блескавите меѓуетнички односи во државата. Дел од граѓаните, во разговорот што следеше, обрнаа внимание на катастрофалната состојба во која се наоѓа Кичево (70% невработени и една просто апокалиптична економска ситуација која создава длабока резигнација и очај), велејќи дека само трошки од мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ би можеле драматично да ја подобрат состојбата на илјадниците жители на Кичево.
Следниот ден, во Кратово, слична слика: место на промоцијата: центарот за поддршка на НВО (откако Музејот на Кратово во последен момент ја откажа планираната промоција); присутни граѓани: околу 30; и истата руинираност и запуштеност на градот.
Промотори на книгите овојпат беа Никола Гелевски и Анета Спасеска од здружението „Прва Архибригада“. Гелевски зборуваше за потребата од граѓански активизам и граѓански отпор, особено во ситуации кога локалната или централната власт „забегуваат“. И покрај немоќта на луѓето било што да променат во својот град „кој умира“ (како што констатираа некои од кратовските учесници во разговорот), Гелевски посочи дека „единствената точка од која можеме да тргнеме е онаа на којашто токму се наоѓаме“. „Не можеме да чекаме да созреат условите“, рече Гелевски, „за да се помрднеме и макар да пробаме да направиме нешто од сопствените животи и сопствената средина.“
Анета Спасеска објасни како меѓу младите архитекти и студенти по архитектура настанала иницијативата „Прва Архибригада“ и сесрдно ја поддржа едицијата и авторите застапени во неа, сметајќи ја за мал светилник во нашата мрачна ситуација.
И во Кратово и Кичево, како дел од оваа мала промотивна турнеја, книгоиздателството „Темплум“, издавач на едицијата „Градот“, подари по околу 200 книги за потребите на библиотеката на НВО центарот и на локалните библиотеки.
Промоциите ги организираше ФИООМ во соработка со поранешните центри за поддршка на НВО; ФИООМ обезбеди и финансиска поддршка за печатење на трите книги. | |  | |  | |  | | Конференција „Може ли да ни банкротира државата?“ во организација на ФИООМ
Владата на Република Македонија го гуши прватниот сектор, и продолжува да се задолжува за покривање на тековните трошоци. Ставот на сите учесници на денешната (5-ти мај 2010) конференција „Може ли да ни банкротира државата?“ организирана од Фондацијата Институт отворено општество Македонија е дека претераното задолжување и лошото програмирање на долговите може да доведе до испразнет буџет.
„За да банкротира државниот сектор, прво треба да банкротира приватниот сектор. Државниот сектор последен банкротира, бидејќи на располагање ги има даноците и со тоа може да го загуши приватниот сектор, на што сме сведоци во последниве година-две.“ –тврди професорот Ден Дончев, алудираќи на долгот на државата кон домашните компании. За него и антикризните мерки понудени од Владата, во суштина не се ниту антикризни, ниту пак можат да бидат корисни за сегментите од приватниот сектор кои моментално се наоѓаат во криза.
Сличен став има и професорот Абдулменаф Беџети, кој смета дека во државата постои латентен дефицит кој не се докажува, односно постои јавен долг кон компаниите за кој нема точни бројки. Според Беџети, нашиот буџет е далеку од банкрот, но затоа банкротирани се социјалните фондови.
Професорот Ванчо Узунов смета дека кај нас сè уште е далеку грчкото сценарио, но сепак повикува на претпазливост. „Владата мора да го олабави притисокот кон приватниот сектор, за да не ни се случи Грција“ –изјави Узунов. За учесниците на конференцијата особено важно е владата да склучи аранжман со Меѓунардониот монетарен фонд, со цел да се обезбедат средства под поволни услови, и да се стави контрола на трошењето на средствата.
Презентација на Абдулменаф Беџети (.ppt)
Презентација на Ден Дончев (.pptx)
Презентација на Ванчо Узунов (.ppt)
Презентација на Ѓорѓи Гочков (.ppt)
Аудиозапис од конференцијата
| |  | |  | |  | | Промоции на три книги од едицијата „Градот“ во Ресен и Делчево
Книгоиздателството „Темплум“ и здружението „Плоштад слобода“ кон крајот на април 2010 тргнаа на мала турнеја низ Република Македонија со цел да ги промовираат првите три книги од новата едиција „Градот“. Станува збор за книгите: „Неред и гротеска“ (застапени текстови од шеснаесет автори), „Крадат град!“ (осумнаесет автори) и „Архитортура и гробализација“ од Никола Гелевски (собрани колумни чија заедничка одредница е феноменот на градот). Сите три книги се занимаваат со владиниот проект „Скопје 2014“, и тоа го прават мошне критички. ФИООМ, во рамки на потпрограмата „Книги за дебати за отвореното општество“, обезбеди финансиска поддршка за печатење на книгите и ги организира промоциите низ Македонија во соработка со поранешните центри за поддршка на НВО.
Првата од низата промоции се случи на 26 април во Ресен. Промотори на книгите беа Никола Гелевски, уредник на едицијата, Нита Муча (од „Плоштад слобода“) и Жарко Трајаноски (колумнист и активист). Пред околу триесетина посетители во ресенскиот центар за поддршка на НВО, промоторите зборуваа за лошите страни на проектот „Скопје 2014“ (нерационалноста, мегаломанијата, неспособноста на власта да ги постави вистинските приоритети во земјата, занемарувањето на проблемите во внатрешноста итн.). Никола Гелевски ја истакна и единствената позитивна работа што произлезе од „лудачкиот и фараонски“ владин проект: „нè натера да почнеме да мислиме за архитектурата и урбанизмот на сопствените градови“.
На 28 април во Делчево, исто така во НВО центарот, се случи и втората промоција, на која зборуваа Никола Гелевски и Нита Муча. Пред дваесетина граѓанки и граѓани од Делчево промоцијата, во вториот дел, се претвори во разговор помеѓу публиката и промоторите. Повеќето луѓе што земаа збор искажаа негативни оценки за владиниот проект „Скопје 2014“, но еден господин, наставник по географија, рече дека проектот е добар зашто ќе ја приближи Македонија до ЕУ, пред сè на начин што и нашиот главен град ќе заличи на европските градови. Нита Муча и Никола Гелевски зборуваа нешто сосема друго: дека проектот со својата анахроност, со наивното разбирање на националниот идентитет, со желбата центарот на Скопје да се претвори во етно-парк - само забрзано нè оддалечува од Европа и нè приближува кон некои деспотии во некои делови од Азија (беше спомнат туркменистанскиот диктатор Нијазов чии мегаломански градби беа споредувани со колосот на Александар Македонски предвиден да биде поставен на главниот скопски плоштад).
Книгоиздателството „Темплум“ во секој од градовите каде што (ќе) се одвиваат промоциите на едицијата „Градот“ подарува мал пакет книги (околу 200 на број), пред сè комплети од списанието Маргина и поголем дел книги од прозната едиција „Магма“.
  |  |  |  | ПРАВНА ПРОГРАМА
Светски ден за слободни медиуми 2010
Скопје, 3 мај 2010 година. Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, Македонското здружение на млади правници и Младинскиот образовен форум го одбележуваат Светскиот ден за слободни медиуми 2010 година, кој оваа година е посветен на слободниот пристап до информациите.
Денешниот ден 3 МАЈ НЕ ПОТТИКНУВА ПОВТОРНО ДА СЕ СЕТИМЕ НА ВАЖНОСТА НА НАШЕТО ПРАВО ДА ЗНАЕМЕ!
Слободниот пристап до информации е принцип, според кој, властите во државата имаат обврска да ги даваат информациите, односно да обезбедуваат пристап до информациите кои ги држат и креираат, на сите заинтересирани кои ги бараат. Правото на слободен пристап до информации е основно право за остварување на другите права за поголема транспарентност, правда и развој на отвореното општество. Ова право заедно со правото на слободно изразување лежи во основата на демократијата.
Сметаме дека за новинарите и за медиумите пристапот до информации е од исклучително значење заради пренесување и изнесување на вистината. Со одбележување на Светскиот ден на слободните медиуми 2010 сакаме да укажеме дека МОЖЕТЕ ДА КОРИСТИТЕ БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ преку застапување пред институциите и судовите во остварувањето на ова право.
Можете да ни се обратите на БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 44 222.
Целото обраќање можете да го преземете тука. | |  | |  | |  | | Децентрализацијата во Македонија – забавена
Децентрализацијата во Македонија се одвива бавно, а власта се уште не е подготвена да ги зголеми финансиските средства за нормално функционирање на локалната власт. Ова е ставот на мнозинството учесници на конференцијата „Децентрализацијата во Република Македонија- забавена или заборавена“, која во организација на Фондацијата Институт Отворено Општество – Македонија (ФИООМ) се одржа 23 април 2010 година.
Поранешниот градоначалник на Велес, Аце Коцевски повика на реформи со кои ќе се зголемат надлежностите и финансиите на град Скопје на општините и Град Скопје. Според Коцевски, вистинска штета е што капцитетите на локалната самоуправа не се искористени во целост, бидејќи според него, без силни општини нема ниту силна држава.
Сличен став дели и градоначалникот на Струмица Зоран Заев, според кого децентрализацијата, иако најголем реформски процес од осамостојувањето па до денес, доживува стагнација поради селективноста на централната власт. „Мора да истакнеме и еден голем проблем, како што се капиталните инвестиции. Како и во секоја друга област така и овде, политикита игра огромна улога. Струмица, за разлика од некои други општини како на пример, Прилеп или Битола добива само само 5 или 10 проценти од средствата наменети за капитални инвестиции. Поголемиот дел од колачот за капиталните инвестиции оди во оние општини каде што градоначалниците се припадници на владеачката партија“ истакна Заев.
Но и градоначалниците од владеачките партии не се задоволни од распределбата на средства на релација централна – локална власт. За Иџет Меџити, градоначалник на Чаир, средствата во висина од 3% од ДВВ и 3% од персоналниот данок, се премалку за нормално функционирање на една општина, додека за Марјан Ѓорчев, градоначалник на Кисела Вода, лошата имплементација на децентрализацијата лежи во лошите закони , од 1995 и 2004 година. Од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) најавија дека ќе се заложат средствата од ДДВ да бидат зголмени на 6 отсто а оние од персоналниот данок на 30 отсто. Заеднички став на сите градоначалници беше барањето за што побрзо донесување на закон за легализација на дивоградби, бидејќи со сегашната ситуација, општините губат значителни средства од комуналии и данок на имот.
На конференцијата, иако поканет, не присуствуваше претставникот на централната власт, министерот за локална самоуправа, Муса Џафери.
Презентација на Љубомир Јанев (.ppt)
Презентација на Горан Ангелов (.ppt)
презентацијата на Руфи Османи (.pptx)
Воведно излагање на Аце Коцевски (.pdf)
Аудиозапис од конференцијата
Прв дел
Втор дел
| |  | |  | |  | |
Медиумско огледало - Архива Архива на Медиумско огледало |  |  |  |
Архива 2010 Архива на настани и новости 2010
| |  | |  | |  | |
Архива 2009 Архива на настани и новости 2009 |  |  |  |
Архива 2008 Архива на настани и новости 2008 | |  | |  | |  | |
Архива 2007 Архива на настани и новости 2007 |  |  |  |
Архива 2006 Архива на настани и новости 2006
| |  | |  | |  | |
Архива 2005 Архива на настани и новости 2005 |  |  |  |
Архива 2004 Архива на настани и новости 2004 |
|
|
назад |
|
|
|
|